Пожар синоќа избувна во стара напуштена зграда во словенечкиот град Крањ, при што од околните објекти се евекуирани 67 лица.

Во пламенот што избувнал околу 23:30 часот целосно е уништена зградата, додека од интензивната топлина е оштетен објект во непосредна близина, неколку возила и стакла на соседните згради.

Околу 1 часот по полноќ пожарот е локализиран, а во акцијата биле вклучени вкупно 133 пожарникари. Причината за пожарот се уште не е позната, а се проценува настанатата штета.