Шпанските пожарникари и припадници на армијата се обидуваат да ги изгаснат шумскиот пожар што синоќа изби во регионот Робледо де Чавела, на 40 километри од Мадрид.
Поради пожарот на жителите им е наредено да се евакуираат.
Директорот на мадридската служба за вонредни операции Карлос Новиљо изјави дека е утврден обемот на огнот и оти со канадери ќе се обидат да го изгаснат пожарот.
Се уште не е познато што го предизвикало пожарот, а на терен се 16 противпожарни екипи и три канадери.