Секоја власт што е подарена кратко трае. И еве тука вие, и тие од домовите, кои не се тука со нас но срцето им трепери, знаат дека Македонија ни се одзема и полека губи, и сакаат сето ова да престане. Од сите страни на нашата Македонија, од сите населени места пораката е една и единствена: Доста е, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на вечерашниот голем протстен митинг пред Владата во Скопје.
Тој со овие зборови го цитираше Гоце Делчев, кој вели: „Секоја слобода која е подарена е всушност ново ропство“.
– Ова се историски мигови за нашата татковина, ова се моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност. Ова е времето на третата генерација, која учеше од првата и растеше со втората, која стои исправено пред предизвиците на Македонија и на нашите сограѓани, истакна Мицкоски, на протестот пред околу 50- 60 илјади незадоволни граѓани.
Мицковски повика сите заедно да одговориме достојно на предизвиците и да кажеме гласно и јасно дека чашата е прелиена, доста е, вака повеќе не може, вака веќе не смее.
– Драги браќа и сестри, земјаци, комшии, пријатели… Ве има толку многу, исправени пред неправдите, горди пред обидите за понижувања, решителни пред налетите да не скршат. Мислеа дека нема да излезе народ, не прогонуваа, кога се закануваа дека ќе бркаат од работа сакаа да ве премислат, кога сакаа да не понижат сакаа да се исплашите, разбегате. Но еве не, еве не тука, побројни и посилни, народот наш е пиреј, кој се исправа на нозе тогаш кога е најтешко, и тогаш кога е најпотребно, порача Мицкоски.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не поддржува пазарење со името какво што прави актуелната власт.
– ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на устав за промена на уставното име. Добија доволно јасен одговор. Историјата ќе суди кој бил во право, а името на нашата партија била и ќе биде, ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство, порача Мицковски и истакна дека предвремени парламентарни избори заедно со претседателските мора да има.
Поддршка со видео обраќање на митингот упати и премиерот на Република Унгарија и претседател на ФИДЕС, Виктор Орбан.
– Драги македонски пријатели, почитуван претседател Мицкоски! Ви пренесувам поздрав од ФИДЕС-Христијанско-демократската партија. Ние сме сочленови во Европската Народна партија и треба да знаете дека можете секогаш да сметате на нас и таму. Ние, Унгарците, им должиме благодарност на членовите на ВМРО. Им должиме благодарност бидејќи во најтемните часови на миграциската криза, лидерите на ВМРО имаа храброст, мудрост и сила да ги заштитат Македонците, Унгарците и со тоа Европејците. Никогаш нема да го заборавиме пријателството со вас. Ние застануваме на вашата страна, го поддржуваме ВМРО и го поддржуваме вашиот претседател, порача Орбан.
Премиерот на Унгарија пред македонскиот народ порача дека Мицкоски и неговиот млад тим ќе успее да ги врати Македонците на патот на развојот и да им ја врати верата во иднината.
Преку видео обраќање поддршка на митингот и на ВМРО-ДПМНЕ даде и претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол.
– Ми претставува задоволство да ви ја испратам оваа порака на поддршка и пријателство, а по повод собирот кој што го организирате во Скопје. Со вашиот млад претседател во текот на последните 5 месеци остваривте активности на длабока реорганизација на партијата, на вашиот начин на кој комуницирате и на начинот на кој спроведувате политика. Денеска имате шанса на вашите граѓани да им ги презентирате вашите идеи и вашата визија за иднината на земјата. Сите ние знаеме колку на народот на Македонија му е потребно сето ова. Мои пријатели, вашата земја се наоѓа во внатрешноста на границите на Европа. Нашите судбини се неодвоиво поврзани, порача Дол.
Членови на СДСМ вечерва присустуваа на протестот кој го организираше најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ пред Владата. Разочарани од политиката на Зоран Заев и на неговата партија СДСМ, се откажуваат од партијата. Меѓу нив беше и овој човек кој пред насобраниот народ ја покажа својата членска книша од СДСМ, алудирајќи дека е незадоволен и е дојден да го поддржи протестот пред Владата на ВМРО ДПМНЕ.
Заев и СДСМ пред изборите ветуваа дека не им е потребна ограда на Владата и дека веднаш штом дојдат на власт ќе ја урнат. Но, сега не им е доволно само оградата, туку и големо полициско обезбедување, иако протестниот митинг мина мирно и без насилствата кои ги гледавме во „шарената револуција“.