Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, пренесува Сител.

Броштица е последното село кое е во близина на пожарот. Тамошните жители велат дека теренот е непристапен и тешко може да се стаса.

Од другата страна на Стогово се селата од Галичник.

Жителите за Сител велат дека се во контакт со општината Центар Жупа, но таму нема противпожарна единица. Ситуацијата се следи будно од страна на жителите.