Роденденска забава на тројца млади Македонци на плажата Мити во местото Посиди се претворила во вистински кошмар, пишува грчкиот весник „Прототема“. Додека најмладиот кој има 25 години бил спасен од сурфер, по другите двајца кои имаат 28 односно 30 години уште се трага. Во спасувачката акција на првиот крак на Халкидики учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство, пишуваат локалните грчки медиуми.

Според првичните информации, прво се исчезнати тројца Македонци, од кои едниот е најден, но се трага по преостанатите двајца. Тие се на возраст од 25, 28 и 30 години.

Според неофицијалните информации, тие славеле роденден на плажата, но кога влегле во морето, биле однесени од струите. За нивното лоцирање се ангажирани бродови и хеликоптери и интензивно се трага во текот на попладневните часови.

Градоначалникот на Касандра за njuzit.gr во својата изјави посочи дека тројцата мажи скокнале во водата од место кое е опасно поради струи и во денови без ветер.

„Локалните жители го знаат ова место и го избегнуваат, но не и некои туристи“, вели тој.

Имаше многу бранови и ветер и во тој момент се спојуваат струите на двете мориња и тоа е многу опасно – рече градоначалничката Анастасија Чалкија, нагласувајќи дека штом ќе се стемни ќе биде тешко да се продолжи со потрагата.