Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 20.000 припадници на британската војска ширум Европа ќе учествуваат во голема вежба на НАТО во првата половина од оваа година, како и воени бродови и борбени авиони.
Министерството соопшти дека 16.000 британски војници ќе бидат стационирани во источна Европа од февруари до јуни, како и ударна група носачи на авиони, нападни авиони Ф35Б и авиони за набљудување.
Вежбата на НАТО Steadfast Defender 24 ќе ја одбележи 75-годишнината од Алијансата.
НАТО го зголеми бројот на борбено подготвени војници откако Русија ја нападна Украина пред речиси две години.
Британскиот министер за одбрана Грант Шапс по повод вежбата изјави дека таа ќе покаже дека 30-те земји членки на НАТО и Шведска „обезбедуваат безбедна одбрана од руската закана“.
Фото: МИА архива