Поранешниот советски лидер и добитник на Нобеловата награда за мир, Михаил Горбачов изјави годинашната награда, доделена на новинарите Марија Реса и Дмитриј Муратов, е „добра вест“ за светскиот печат.

– Ова е добра, многу добра вест, рече тој во изјава. „Оваа награда ја крева важноста на печатот во современиот свет до големи височини.

Дмитриј Муратов, главен и одговорен уредник на водечкиот весник „Новаја газета“, рече дека повеќе би сакал наградата да ја добиеше главниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

По доделувањето на наградата, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на глобални напори за заштита на слободниот печат со честитки за победниците.

– Честитајќи им на победниците, да го потврдиме правото на слобода на печатот, да ја препознаеме клучната улога на новинарите и да ги засилиме напорите на секое ниво за поддршка на слободните, независни и разновидни медиуми, рече Гутереш.