Пожар што веќе шести ден гори во северозападна Финска опустоши повеќе од 300 хектари шума.
Пожарот избувна на 26 јули на околу 25 километри јужно од пристаништето Калајоки и се уште не е ставен под контрола и покрај вчерашниот дожд во регионот.
Според пожарникарите за целосно гаснење на огнот ќе бидат потребни неколку недели. Шумите се суви бидејќи јуни и јули беа невообичаено топли во Финска, каде што во некои области температурата беше повисока од 30 степени Целзиусови.
Во гаснењето на пожарот учествуваат околу 250 пожарникари и војници, како и четири хеликоптери.
Тоа е најголем пожар во Финска од 1971 година.