Непознати крадци провалиле во црквата „Света Богородица“ горнореканското село Сенце и однеле неколку икони, сребрен крст и пари.

Според СВР Тетово, кражбата ја пријавил Б.С. од гостиварското село Сенце, вчера (24 јануари). По извршениот увид утврдено е дека претходната ноќ (23/24 јануари), засега непознати сторители извршиле тешка кражба, откако насилно ја отвориле алуминиумската влезна врата.

Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите и на утврдување на вкупната материјална штета.