Основното јавно обвинителство во Гостивар трага по напаѓачот што денеска повреди едно лице во гостиварското село Долна Бањица.

Од ОЈО соопштија дека извршиле увид на местото каде што било рането лицето и дека се трага по осомничениот.

Според информациите, осомничениот кој бил во блиски роднински врски со нападнатиот, пукал со огнено оружје и притоа го ранил во пределот на стомакот. Со возило на Итна медицинска помош ранетиот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција.

Осомниченото лице е недостапно на органите на прогонот, се преземаат мерки за негово пронаоѓање, стои во соопштението.