Завршува јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, информира Град Скопје.
Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 5.000 пријави. Во согласност со овие бројки, Градот информира дека е исполнета предвидената квота за субвенции, па барања од граѓаните за субвенции за инвертери повеќе нема да се примаат.
Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн.
За граѓаните кои аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.
– Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на РС Македонија и со овие средства се очекува замена на некаде околу 5.000 печки со инвертери, односно околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина, се наведува во соопштението.
Овој проект, како што е познато, покрај тој за електротротинети и велосипеди е на градоначалникот Петре Шилегов.