Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски од СДСМ, наследникот на Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ, на ФБ профилот се пофали со тоа дека во измината една година од неговото владеење се изградени 1000 метри, односно еден километар локални патишта, дека се тампонирани 1400 метри улици и дека се поплочени 4000 м2 патеки за пешаци.

 

 

Многумина, кога ја погледнале објавата, мислеле дека е грешка, па почекале малку со надеж дека ќе се поправи. Им било страв на луѓето да не се истрчаат пред да го искоментираат „грандиозниот“ успех на Бочварски. Но, чекањето не вродило со плод. Очигледно, Бочварски се пофали со 1 км патишта за една година или 3 (три метри) патишта на ден, со нешто над 4 (четири) метри тампонирани улици на ден и со 11 м2 пешачка патека на ден. Штипјани, ова секако да го прославите!

 

Тука се, се разбира, и трите км водоводни линии или помалку од 10 метри цевки на ден, и 1624-те метри канализациони цевки за една година или околу 5 метри канализација на ден.