Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска објави дека почнал со уривање на трите галии во реката Вардар во Скопје.
– Првата од трите галии во коритото на Вардар почна да заминува во историјата! Скопје, една поинаква приказна, објави Шилегов на неговиот профил на Фејсбук.
Галиите во Вардар се дел од проектот Скопје 2014 кои легално беа изградени.
Неодамна Шилегов во интервју на ТВ Телма рече дека тој е спремен да се донесе закон за рушење на проектот „Скопје 2014“.
– Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни смета да го отcтраниме споменикот Мајка Тереза. Јас мислам дека е личен стpав, затоа што има стpав од носење на одлука, одлуката некој треба да ја потпише. Јас сум спремен да донесеме закон за рушење на Скопје 2014. Јас на крај на министерката и градоначалникот им реков дајте ми јас ќе го сpyшам. Не затоа што мене не ми се допаѓа, туку не е автентично Скопје, рече Шилегов.
И додека Шилегов го урива заедничкото во Скопје, за себе изгради голема викенд куќа во Маврово, а во тек е доградба на неговата голема семејна куќа во Скопје. Од опозицијата секојдневно го обвинуваат дека доградбата ја изведува без соодветна документација. И денеска портапролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, го повика Шилегов да објасни како се стекнува толку имот од службеничка плата.