Во следните денови ќе стане јасно како градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, без официјално финансиско покритие, се стекнува со луксуз и богатство, истакна на денешната прес-конференцијата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Текстот и видеото од прес конференцијата, кои ги објавуваме подолу, минаа во знак на 20-дневниот „јубилеј“ на Шилегов:

20 дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов станал побогат за речиси половина милион евра во мандат.

20 дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има луксуз поголем од примањата.

20 дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов гради на диво!

20 дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота.

20 дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност.

20 дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист.

20 дена секој ден јавно го прозивам Петре Шилегов дали фирмите кои што му градеа на Маврово и кои што му градат во Карпош имаат или не врска и добивани тендери од Град Скопје?

20 дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има сомнителен раст на луксузот, дека фирмата не му работи со заработка, ниту платата е доволна за сиот тој луксуз.

И 20 дена секој ден јавно се повикуваат општината и државата да ги проверат наводите за Петре Шилегов.

Ова е режим, ова е диктаторство на мафијата, во која сите институции се во погон на изборната кампања на Петре Шилегов.

Срамно, понижувачки, недостоинствено бегаат од камери, бегаат од одговори.

Петре Шилегов е завршена приказна. Обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. Се поинаку е соучевство и злоупотреба.

Истовремено ги повикувам на внимателно следење на информациите во следните денови, бидејќи ќе стане јасно како Петре Шилегов, иако нема покритие со своите официјални приходи, се стекнува со толку големо богатство и со луксузен недвижен имот.