Во Градскиот парк од 11:00 до 14:00 часот, Здружението на граѓани за промовирање на здрав начин на живот „Мое здравје”- Скопје организира бесплатно мерење на вкупни масти, шеќер во крвта и крвниот притисок.

– По повод  Светскиот ден на борба против пушењето, сакаме повторно да организираме отворени штандови на бесплатно мерење на вкупни масти, шеќер во крвта и крвниот притисок од стручни тимови како, давање совети за подобро зачувување на здравјето, како и поделба на овошје на секој минувач во замена на запалената цигара или отпушок во нивната рака, најавуваат организаторите.