Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен ќе загуби пет позиции на стартот на трката од Ф1 шампионатот за Големата награда на Италија.
Тимот го смени менувачот, што доведе до казна.
Раиконен го зазеде десеттото место во квалификациите, но по казната трката ќе ја започне од 15-та позиција.
Почетокот на италијанското Гран При е попладне од 15:10 часот.