На зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, синоќа околу 19 часот, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде две торби со 46 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 50 килограми.

На местото каде се пронајдени двете торби, соопшти денеска МВР, извршен е увид по што, истите се подигнати, а марихуаната е предадена на вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.