Австрија од вечерва воведува контроли на границата со Словачка, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи.
Одлуката уследи откако Владата на Чешка најави дека од 29 септември привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка поради зголемената илегална миграција.
Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракусан изјави дека годинава 1.200 отсто повеќе луѓе илегално ја минале границата, главно од Сирија.
– Од почетокот на 2022 година, полицијата приведе 11.000 илегални мигранти. Има транзитна миграција, огромното мнозинство од овие луѓе сакаат да заминат во Германија. Тоа предизвика нервоза и на германската страна на границата, посочи Ракусан.
И Чешка и нејзините соседи се членки на Шенген зоната. Се проценува дека околу 300.000 воени бегалци од Украина, кои не се вклучени во податоците за илегалната миграција, се населиле во Чешка.