На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу 40 до 60 минути, а на граничниот премин Богородица околу 20 до 30 минути.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.