Од пред неколку денови на боледување е и директорот на ИТ секторот во Фондот за здравствено осигурување. Директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска го оправда отсуство, објаснувајќи дека се разболел додека го враќале системот кој не функционираше две недели.
– На тој човек поради големиот стрес и притисок му се влоши здравствената состојба и е на боледување од пред неколку дена, кажа директорката пред новинарите.
Директорот на ИТ секторот не е единствен директор кој не бил во институцијата за време на нападот. Отсутен беше и Фатон Ахмети кој има функција генерален директор. Тој за разлика од директорот на ИТ секторот си користел одмор.
Филиповска-Грашкоска не сакаше да посочи кој е виновен за нападот, колку пари се барале за откуп на податоците, дали истите се откупени, но и кој ќе сноси одговорност.
– Избразно и некоректно е да посочам со прст во некого за вина, додаде таа.
Иако се појави две недели по нападот првпат се појави во јавноста, Филиповска-Грашкоска, кажа само дека го вратиле системот во рекордно време, а не одговори скоро на ниту едно прашање во однос на хакирањето и начинот на враќање. Таа од јавноста и новинарите побара трпение.