Ви благодарам Скопје, ви благодарам Македонија, рече хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо синоќа на концертот во салата на Македонската филхармонија.

Експлозијата од аплауз настапи пред изведбата на големиот хит „Ако ме питају“ и неговите зборови.

– Ви благодарам Скопје, ви благодарам Македонија. Можеби требаше да го кажам новото име, но некои работи се менуваат на хартија, а за мене Македонија останува во моето срце, истакна Грашо.

Грашо имаше три концерти исполнети на кои салата беше исполнета до последното место. Два часа од концертот минаа во заедничко пеење на неговите познати хитови. Ечеше во салата со „Ако те питају“, „Увик исти“, „Моје злато“, „Љубав једне жене“, „Ко нам брани“, „Уторак“, „Не знам за се“…