Не постојат различни позиции и разлики во владата на Зоран Заев“; „Владата на Скопје демантира контра меѓу Заев и Димитров“; „Владата на ПЈРМ: Никакви разлики во ставовите меѓу Заев и Димитров во прашањето за името“… се дел од насловите во грчките медиуми, кои технички, без дополнителни коментари ја пренесоа изјавата за МИА на портпаролот на македонската Влада Миле Бошњаковски за наводни поделби и разногласија во владата.

„Не постојат различни позиции и несогласувања во Владата на Зоран Заев, изјавува владиниот портпарол Миле Бошњаковски по повод написите во одредени медиуми и потенцира дека Владата на ПЈРМ обединето работи на решавање на разликите, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Републиката“, пишува грчката новинска агенција „АНА-МПА“.

Со заедничка изјава, Министерството за надворешни работи на ПЈР Македонја и Владата на земјата им ставија крај на сценаријата објавени во медиумите кои говореа за разлики меѓи премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пишува онлајн изданието на весникот „Катимерини“.

Како што јави МИА од Атина, грчките медиуми целосно ја пренесуваат изјавата на владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, а поголемиот дел од медиумите, текстот го презедоа од новинската агенција АНА-МПА.