Повеќето македонски медиуми денеска објавија дека Бугарската црква сака да им помогне на браќата од Македонија. Дали излажаа? Не. Но поентата на посланието на БПЦ,. од каде е извлечен и делот за „братската“ помош, е да се оправда пред оние кои ја нарекуваа предавничка поради отсуството од прославата во балканскиот Ерусалим  – таа имено објаснува дека не можела да дојде на прославата на 1000 годишнината од Охридската архиепископија во Охрид зашто ОА е бугарска, па нема врска со МПЦ која ја организираше прославата. Присуството на БПЦ би значело и признание дека ОА е македонска, а таа тоа не може да си го дозволи.

Значи, едно е БПЦ да и помогне на МПЦ да биде признаена како црква која нема корен, сосема друго е прашањето дека според БПЦ, согласно стандарната теза од Бугарија, Македонците се измислени од Србите и комунистите, па согласно тоа, таков третман има  МПЦ. Впрочем, бугарските медиуми најубаво ја објаснја поената на посланието на БПЦ, а еве и утрешен Труд тоа ни го црта на насловната страна.