Полициски автобус што пренесувал затвореници од Атина за Каламата, се преврти во близина на градот Коринт, при што се повредени седум полицајци и шестмина осуденици, јави МИА од Атина.
Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Коринт-Каламата, кусо пред 10.30 часот утрово, откако полицискиот автобус излетал од патот и се превртел.
Причините за излетувањето на автобусот засега не се познати.
Повредените лица биле пренесени во болница.