Сопствениците на угостителските објекти и кафулињата ќе добијат грант до 5.000 евра за да набават грејни тела за надворешните делови од локалите, објави грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Финансиската помош ќе биде во висина од 60 милиони евра од Структурните и кохезиониот фонд на Европската унија, а целта е, по завршувањето на карантинот, во надворешните делови на објектите да се постави греење за да не мора посетителите да седат внатре.

Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис, на средината од минатиот месец, одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека не станува збор за заем, туку за грант и ќе ги покрие трошоците како за набавените грејни тела од февруари, така и за новите.

-На сите ќе им платиме по 100 евра за 15 метри квадратни, за да можат да постават, кога ќе заврши карантинот, надворешни грејни тела за да не мора луѓето да седат внатре, рече Георгиадис.