Руските противвоздушни ракетни системи С-300В4 се распоредени на Курилските острови, објави прес-службата на Источниот воен округ (ИВО).

Командантот на округот, Генадиј Жидко, претходно лично извршил инспекција на подготвеноста на системот.

Според руските медиуми, тој високо ја оценил кохерентноста на системот и на дежурните сили за време на обуката за вежбање акции по добивање сигнал за кршење на воздушните граници на Руската Федерација на Курилските острови.

Системите С-300В4 се современи високопрецизни системи за противвоздушна одбрана и се дизајнирани да ги штитат важните објекти од напади со балистички и аеродинамични средства од воздух.

Ова е четврта верзија на надградениот противвоздушен ракетен систем С-300В.