За девет дена граничниот премин Богородица го преминале над 78.000 патници.

Како што објави ТВ Сител близу 30.000 од нив се македонски државјани кои дел од празничните денови ги поминале во соседна Грција. Некои од нив биле само за новогодишните празници, а еден дел го споиле и Божик.

Според официјалната статистика на преминот почнувајќи од 30 декември па заклучно со 8 ми јануари излез од Македонија и влез во Грција оствариле 17.451 македонски државјани, а влез 12.388. Најголемата фреквенција е регистрирана за време на новогодишните празници, а слична состојба се очекува и вечерва.