Додека земјите од Европската унија ги затвораат вратите за мигрантите, грчките власти повтрно ги отвораат камповите и постројките на копно со цел да го прифатат се поголемиот број бегалци, објави Катимерини.

По серијата состаноци одржани минатата недела, Катимерини дознава дека Министерството за миграција донело одлука повторно да отвори четири кампа. Првиот пподигнат кога беше врвот на бегалската криза во 2015 година, со што бројот на оперативни центри е покачен на 25.

Шатори повторно се поставени во Малакаса на северот на Атина каде можат да се сместат 300 лица. Во наредните денови ќе се отвори и кампот Вагиохори до Солун, каде можат да се прифатат 400 лица.

Во просек секојдневно по 75 мигранти дневно влегуваат во Грција. Вкупно 12.065 лица влегле до 11 јуни во земјата.