Грција од среда отвора седум гранични премини на копнените граници со Македонија, Албанија, Бугарија и Турција, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на Македонија, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), додека пак кон останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премина.