Пред два дена, на 17 ноември, алтернативниот министер за надворешни работи во грчката Влада, Милтијадис Варвитциотис, имаше пишана изјава која се однесува на неколку работи кои ја засегаат грчката надворешна политика, како на пример односите со Турција.

Во рамки на тоа, во изјавата која е објавена на официјалниот сајт на грчкото Мнистерство за надворешн работи, тој се осврнува и на нашата земја и на Албанија, истакнувајќи ја „потребата Северна Македонија целосно да го спроведе Договорот од Преспа. Со другу зборови, грчкиот алтернативен министер ни порача дека брусилиците малку ни работат, треба повеќе!

Во изјавата Варвитциотис вели:

„Во врска со прашањето за проширување на ЕУ, алтернативниот министер ги повика Северна Македонија и Албанија да продолжат кон исполнување на сите критериуми договорени во заклучоците од март. Тој особено се осврна на потребата Албанија да продолжи со неопходните реформи пред првата Меѓувладина конференција, како и на потребата Северна Македонија целосно да го спроведе Договорот од Преспа.“

Што се однесува до Турција, Варвитциотис истакнува:

„Политиката за смирување што ја следеше ЕУ со Турција очигледно не ги донесе посакуваните резултати. ЕУ мора да покаже дека е организација што се држи до своите одлуки. И, ова треба да биде јасно на следниот состанок на Самитот “.

Министерството за надворепни работи на Грција истакнува дека „ова беше пораката што алтернативниот министер за надворешни работи Милтиадис Варвитциотис ја испрати во својата изјава по денешниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ, што се одржа преку видеоконференција во рамките на подготовките за претстојниот состанок на Европскиот совет на 10 и 11 декември.

Што само по себе доволно кажува дека ова е официјална пораката од грчката Влада, иако прашањето засега не се издигнува на највисоко ниво. Грците засега оставаат со нас да се занимаваат Бугарите.