Американската министерка за енергетика Џенифер Гринхолм денеска изјави дека САД работат на зголемување на производството на нафта и извоз на „секоја молекула“ течен природен гас во Европа со цел да се намали зависноста на европските земји од руската енергија.
– Веќе го одобривме ослободувањето на стратешките резерви на нафта за да го стабилизираме пазарот. САД ја извезуваат секоја молекула на течен природен гас за да го ублажат недостигот на резерви во Европа. Администрацијата на Бајден ја повика американската нафтена индустрија да го зголеми производството за да ги задоволи моменталните потреби, истакна Гринхолм.
Вашингтон воведе забрана за увоз на руска нафта и други извори на енергија, додека европските земји не го сторија тоа бидејќи се многу повеќе зависни од американските енергетски извори отколку САД.