Грозоморно убиство се случи вчера (недела) во Берлин при што е убиена Украинка.

Како што објави порталот Косово онлјан, при апсењето, полицијата во Берлин го застрелала 23-годишниот државјанин на Косово, осомничен дека претходно со секира ја убил жената од Украина.

Полицијата соопшти дека делото се случило во вчераутро во станбената зграда во Берлин.

– Во недела околу 7:40 часот се случи убиство во берлинскиот кварт Лихтенберг, изјавил портпаролот на полицијата.

Тој додава дека првите сомнежи се дека дошло до сериозен инцидент по расправија на пар кој живеел на деветтиот кат од станбената зграда.

– Кога службите за итна помош пристигнале на местото на настанот, мажот ја удрил жената со секира, па полицајците употребиле огнено оружје, се вели во соопштението на полицискиот портпарол Мартин Дамс.

Тој нагласува дека во моментот кога полицијата пристигнала на местото, маж од Косово до смрт претепал Украинка.

Според очевидци, мажот и жената се расправале пред инцидентот. Жената е од Украина и имала 27 години.