Освен „огнените“ и министрите на ДУИ ги продолжуваат средбите со граѓаните, објави ТВ 21.

Вицепремиерот Артан Груби, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши и други функционери од редовите на Интегративците синоќа беа во штабот „Дижон1“ од каде Груби побара од сопартијците од Огнената група да ги остават да работат, дури и нека критикуваат за несработеното, но нека не измислуваат.

– Ништо не бараме, само оставете не да работиме, да ја вршиме нашата работа за тоа што вие тоа го барате од нас. Вие сте тие кои ни го дадовте мандатот, кои што гласавте за ДУИ, за Али Ахмети и Али Ахмети ја делегираше својата волја кај Бујар, кај мене, Крешник и сите други за да работат. Доколку не работиме, кажете ни! Не сте го сработиле овој или оној проект, но не измислувајте, кажете ја вистината, бидејќи и Господ ќе не казни ако измислуваме, вели Артан Груби.

И Османи со слична порака:

– Ние денеска ја имаме честа да не идентификуваат како луѓе на Али Ахмети. Дали има поголема чест, не само денешните генерации, туку нашите деца, нашите внуци, да се гордеат со нас бидејќи бевме најблиски соработници, најблиски луѓе, кои сме го следеле, помогнале амблемот на албанскиот народ- Али Ахмети, порача Бујар Османи.