Сега имаме 74 пратеници, 64 владината коалиција, 8 АА и 2 БЕСА, уште 6 ќе најдеме кај опозицијата, изјави вицепремиерот Артан Груби во емисијата Клик плус на ТВ 21.
Тој е убеден дека во опозицијата постојат струи кои ќе гласаат за уставните промени. Рече дека уште 6 пратеници потребни за уставни промени ќе ги најдат во редовите на опозицијата и дека таму има проевропски пратеници кои ќе гласаат за промените. Во исто време, рече, „овие ќе донесат и реформи во ВМРО-ДПМНЕ“.
– Сега имаме 74 пратеници, 64 владината коалиција, 8 АА и 2 БЕСА, уште 6 ќе најдеме кај опозицијата. Контакти со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме секој ден, дел од нив ќе гласаат, убеден сум, рече Груби.