Најверојатно апелациските судии и Кацарска во Основниот суд претходно брзаа да го решат предметот Тенк за да не ме држат во неизвесност и во исчекување. Тоа е преголема почит, да ми помогнат, од љубов, хуманост и човекољубие, порача денеска поранешниот премиер Никола Груевски, преку Фејсбук.
– А ова што го развлекуваат за Заев по година, две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година две да не ти го решаваат предметот, па дури потоа да те ослободат. Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат! Сега после избори, или ако сакаат уште малку да го мачат можеби и подоцна, кога ќе му „треснат“ на Заев една ослободителна пресуда на маса овие од апелација, ќе ја засенат и Кацарска…Па изнервиран тој од нив, кога ќе фати да ги унапредува, има лом да биде, порача Груевски на Фејсбук.