Нека е Пресвета Богородица е секогаш со нас Македонците и со сите од Македонија во сите идни искушенија и предизвици, и како народ и како поединци, порача во денешната честитка за празникот Голема Богородица, поранешниот премиер Никола Груевски.

– Денеска е голем празник-Успение на Пресвета Богородица. Денес се слави, не смртта, туку заспивањето и вознесувањето, заминувањето на небото, воскреснувањето како со душата, така и со телото на мајката на Исус Христос – Марија. Земена во Христовите прегратки и вознесена на небото, Таа станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога. Нејзините зборови кои според преданијата ги искажува -“Радувајте се, затоа што сум со Вас во сите денови “ се она што им го кажува на апостолите од небото опкружена од ангели, по воскреснувањето.
Денес е радосен ден. Еден од најголемите христијански празници и државен празник во Република Македонија од 2007 ма година наваму. Нека донесе здравје и среќа за сите. Нека не потсети на љубовта и почитта кон родителите.
Нека ни помогне да бидеме подобри луѓе. Правете добро, за добро да ви се врати. И, како што рекол нашиот народ, не копајте гроб на друг, оти самите ќе паднете во него. Среќен именден на сите кои денес го имаат. Нека е Пресвета Богородица секогаш со нас Македонците и со сите од Македонија во сите идни искушенија и предизвици. И како народ и како поединци, порача Груевски во објавата на Фејсбук.