Сите познати политичари од Европа што минатата година цврсто му стискаа рака на премиерот Зоран Заев, како поттик да го смени името на Република Македонија, денес се губитници. Некои повеќе, некои помалку.
Британската премиерка Тереза Меј наскоро веќе нема да биде премиерка. Загуби на евроизборите доживеа и претседателот на Франција Емануел Макрон. Германската канцеларка Ангела Меркел по падот на рејтингот на регионалните, но и не баш сјајниот резултат на евроизборите, таа веќе не е лидер на партијата, а по завршувањето на премиерскиот мандат оди во политичка пензија.
Смени доживеаја и неколку американски функционери кои цврсто му стискаа рака на Заев, а денеска падна и владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Сепак, најтешка „политичка казна“ од сите што се ракуваа со Заев за смена на уставното име на Република Македонија доживеа неговиот грчки колега, и исто така кандидат за Нобелова награда, Алексис Ципрас, кој катастрофално ги изгуби и локалните и евроизборите.
Ироничарите ќе забележат дека, токму Ципрас, освен цврсто ракување за договорот од Нивици, имаше и најмногу селфиња и гушкања со Заев.