Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска пристигна во посета на Сомалија, соопштено е од извори од аеродромот во Могадишу.

Гутереш на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи Абшир Омар Хурус.

Сомалиските власти ги зајакнаа безбедносните мерки во Могадишу поради ненајавената посета на генералниот секретар на ОН.

Повеќето патишта се затворени, а јавниот превоз е ограничен.

Посетата на шефот на ОН доаѓа во време кога земјата е зафатена од голема суша што ги остави жителите на работ на глад, додека владата е ангажирана во офанзива за да се спротивстави на исламистичкиот бунт.

ОН упатија апел за хуманитарна помош од 2,6 милијарди долари за Сомалија, но досега се доделени само 13 отсто.