Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги сподели емоциите по денешната победа над Арсенал (2:1) во натпреварот од Премиер лигата.

– Арсенал беше подобар. Се сретнавме со тим кој имаше проблеми во последните години да влезе во првите четири на табелата. Противниците имаа шест дена за одмор по победата над Норич, додека ние имавме само два дена за закрепнување. Беше тешко, немавме енергија. Поради ова додадовме уште еден играч во центарот на теренот за да воспоставиме контрола и да направиме повеќе додавања. Се обидуваме да анализираме многу работи. Понекогаш паричка паѓа на ваша страна. Разбираме што значи да се победи Арсенал токму во овој момент. Сега имаме време за одмор, изјави Гвардиола.

Сити е лидер на табелата во Премиер лига со 53 бода по 21 коло.