Првиот од седумте голови што Манчестер сити ги постигна вчеравечер против Лидс (7:0) во рамки на 17 коло во Премиер лигата беше јубилеен 500. под водство на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег го презеде Сити во летото 2016 година, а стана тренер со најбрзо постигнати 500 премиерлигашки голови до кои неговиот клуб дојде во 207 натпревари, со просек од 2.4 голови по натпревар

Втор на листата е тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој до 500 голови во Премиер лигата дојде по 234 натпревари, додека трет е Алекс Фергусон кому на клупата на Манчестер јунајтед за 500 првенствени голови му беа потребни 265 натпревари.