Eди Рама или се преправа или не знае дека целта на Бугарија не е во Уставот (на Република Македонија) 3.500 Бугари да се вметнат како деловите на другите народи, жители на Македонија, вели поранешниот македонски министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.
Тој со ваква реакција се јави на социјалните мрежи по вчерашните изјави на Рама, кој беше во посета на Македонија, и изјави дека „фатално ќе биде за земјава“ ако не направи промени на Уставот.