Поранешниот министер во македонската Влада, Џевдет Хајредини се огласи во врска со борбата против криминалот и корупцијата во Македонија и очекувањата на „стратешките партнери“ за исходот од тоа:
– ЕУ и САД бараат и очекуваат нешто невозможно – во Македонија против корупцијата да се борат токму тие што долго време биле и сега се најкорумпирани, објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.
Корупцијата и криминалот се длабоко вкоренети во земјата од која се очекува уште еднаш да си го смени Уставот, за што се врши засилен притисок и од внатре и од надвор, а повремено се потсетува дека токму криминалот и корупцијата е најголемата рак рана во Македонија.
За тоа има бројни примери, афери, скандали… Клиниката за онкологија е само еден од последните.
(Д. Г.)