Поскапувањето на струјата засега не се најавува поради локалните избори, вели поранешниот министер и еконимски аналитичар Џевдет Хајредини, кој денеска на својот профил на Фејсбук објави дел од „експертите“ во МЕПСО:
– Дел од „експертите“ во МЕПСО! Синот на Бучко! Ќерката на Талат Џафери! Синот на Грчев! Ќерката на Невзат Бејта! Сестрата на Бектеши… И сакате да нема криза за струја?- коментира Хајредини под својата објава.
Хајредини вчера беше гостин во ТВ 24 каде најави дека енергетската криза во Македонија ќе биде платена со дополнителни оданочувања за граѓаните.