Романската тенисерка Симона Халеп одлучи да го напушти турнирот во Синсинати поради мускулна повреда.

– За жал, деталните медицински прегледи утрово покажаа дека имам мала пукнатина во десниот адукторски мускул, така што би било премногу ризично да продолжам да играм. Ќе се одморам и ќе дадам сé од себе за да бидам подготвена за Грен слемот „УС Опен“ – соопшти Халеп преку социјалните мрежи.

Така, Американката Џесика Пегула се пласира во третото коло без борба.

Противник на Пегула во следната рунда ќе биде Каролина Плишкова од Чешка.