Палестинските милитанти во Појасот Газа денеска истрелаа ракети кон Ерусалим и јужен Израел, заканувајќи му се на Израел поради насилните судири со Палестинците во Ерусалим, на што Израел одговори со воздушни напади.

Министерството за здравство во Газа објави дека девет Палестинци биле убиени во израелските воздушни напади на палестинска територија, а израелската армија сè уште не објавила каква било акција во енклавата.

Засега нема извештаи за жртви од ракетниот напад во Израел.

„По должина на утврдената граница помеѓу Појасот Газа и Израел, од мала крајбрежна област беше истрелана палестинска ракета која погоди цивилно возило, при што беше повреден Израелец“, соопшти војската.

Одговорноста за ракетните напади ја презедоа Хамас и помалата милитантна група Исламски џихад. Израелските медиуми пишуваат дека биле истрелани повеќе од 30 ракети.