Пилотот на мерцедесот и актуелен светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон призна дека очекувал поголемо заостанување зад Ферари на италијанското Гран-при.

На вториот тренинг Британецот доцнеше зад Шарл Леклер само 0,068 секунди.

– Очигледно Ферари се прилично брзи на право. Но, во промена на ритам ние сме силни. Дури и поблиску до Ферари отколку што очекувавме. Изгледа дека можеме да наметнеме борба. Ова, искрено, е неверојатно. Иако не знаев што да очекувам овде. Постојат неколку пресврти и вртења во кои можеме да ги надоместиме. Ова ги балансира шансите. Трката ќе биде тешка, но ние сме на еднакви шанси со Ферари, изјави Хамилтон.

Главната трка од Ф1 шампионатот за Големата награда на Италија е утре со почеток во 15:10 часот.