Претседателот на Барселона, Јозеп Марија Бартомеу потврди дека напаѓачот Лионел Меси има право да го раскине договорот со клубот на крајот на секоја сезона.

Сепак, тој не се грижи дека Аргентинецот ќе го искористи ова право.

– Меси има договор што го потпиша пред две години. Важи до 2021 година. Но, тој може да ја напушти Барселона после секоја сезона. Тој може да избере кое било место за игра. Но, тоа беше случај со другите играчи. Иниеста, Чави, Пујол. Не се грижевме, бидејќи сите овие играчи беа посветени на Барселона. Не се сомневав во нивната лојалност, но тие се слободни да изберат. На Меси, не можевме да му понудиме ништо друго. Но, се надевам дека тој ќе остане со нас и по 2021 година, изјави Бартомеу.

Аргентинецот целата своја кариера ја помина во каталонскиот клуб.