Иранскиот врховен верски лидер, ајатолах Али Хамнеи изјави денеска дека Иран ќе одговори на британската пиратерија поради заплената на иранскиот танкер за нафта во Гибралтар.
Техеран ја повика Британија веднаш да го ослободи танкерот кој го заплениле припадниците на Британската кралска морнарица поради сомнеж дека ги прекршил европските санкции бидејќи превезувал нафта во Сирија.
– Злобната Британија изврши пиратерија и украде наш брод, истакна Хамнеи, додавајќи дека Иран и оние кои веруваат во неговиот систем нема да остават такви злодела без одговор.