Denesen.mk
20.11.2025.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

МИЦКОСКИ: Македонија за судство дава повеќе пари од 75 отсто членки на ЕУ, не гледам причина за уште повисоки плати на судиите и ЈО

УСТАВНА ТУЖИ, УСТАВЕН ЌЕ СУДИ: По предлог на уставната судијка Кацарска, Уставен суд ќе го оценува линеарното зголемување на пензиите

МИЦКОСКИ: Двојно повеќе во секторот кој живот значи, магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката Св. Наум Охридски

АПСЕЊЕ ВО УЈП ШТИП: Приведени се 10-тина лица, сомнежи за поткуп и злоупотреби во врска со дискотеката Пулс во Кочани

СВЕДОШТВО НА ПАЦИЕНТКА: Кога дојдов на Онкологија д-р Нино ми кажа „ќе ти дадам лек, но нема да се запише дека си го примила“

Македонија

ХАН: Многу разочарувачки е за Македонија ако и со сменето име не добие преговори со ЕУ  

/ 27.04.2019
Share
ХАН: Многу разочарувачки е за Македонија ако и со сменето име не добие преговори со ЕУ  

Во интервју за Агенција Европа, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги предупредува земјите членки на ЕУ дека повторно одлагање на преговорите за Македонија и за Албанија би можело да има „драматични последици“ за целиот регион, јави МИА од Брисел.

По пораките што пристигнаа од Париз вчера дека земјата останува резервирана за отворањето преговори со Македонија и Албанија во јуни годинава, Хан предупредува дека во прашање е кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот.

-Се работи за кредибилитетот на ЕУ, земјите членки сами го одредија јуни 2019 како датум за одлуката за отворање пристапни преговори со С. Македонија и Албанија, одлагањето би можело да има драматичен импакт врз целиот регион, вели Хан.

Тој потсетува дека Македонија веќе десет години чека старт на овие преговори, блокирани поради спорот со Грција.

-Сега кога овој проблем е решен благодарение на политичката храброст и одлучност на двајцата лидери и кога констатираме одличен напредок во внатрешните реформи, би било многу разочарувачки ако отворањето на пристапните преговори повторно се одложи, вели комесарот за Агенција Европа и е уверен дека земјите членки ќе ја донесат “правата одлука“ како за С. Македонија, така и за Албанија која, според него, исто така бележи добар реформски напредок, посебно во правосудството.

Еврокомесарот Хан, кој нема да присуствува на неформалниот самит во Берлин в понеделник посветен на Балканот, затоа што проширувањето не е на агендата, предупредува исто така дека ЕУ, и посебно скептичните земји, треба да внимаваат да не ја запостават оваа политика кон регионот.

-Ги поздравувам напорите на претседателот Макрон да ја зајакне надворешната и безбедносната политика на ЕУ, но тоа треба да започне со нашето соседство, западниот Балкан, посебно пред конкуренти како Русија, Кина и Турција кои не се заинтересирани на европските вредности и норми, вели Хан.

Тој додава дека е “убеден“ дека шефот на француската држава се согласува дека “не е во геостратешкиот интерес на ЕУ да се остави Балкан на други актери“.

-Но овој геостратешки ангажман ќе функционира само ако земјите членки, вклучувајќи ја и Франција, ја потврдат европската перспектива и ги признаат индивидуалните заслуги на земјите, додава комесарот во интервјуто.

На брифингот од Елисејската палата со новинарите вчера, Париз повеќе пати нагласи дека самитот в понеделник треба да биде посветен пред сѐ на регионалната соработка, иако уверува дека таа нема да стане замена за самото проширување. Хан, од своја страна, потсетува дека двата процеси се неразделиви.

-Соработката и стабилноста на регионот се во срцето на процесот на проширување на ЕУ, процесот на зачленување е основниот мотор на економските реформи и реформите на правната држава, кои се основа за секаков демократски развој, одговара Хан. Додавајќи дека “регионалната соработка како интегрален дел на процесот на проширување е суштинска затоа што без решение на билатералните спорови, земјите нема да можат да се зачленат во ЕУ“.

Франција и Германија в понеделник сакаат на земјите од регионот да им го покажат сопствениот пример на помирување и надминување на споровите, но еврокомесарот Хан потсетува дека постои друг скорешен и локален пример.

-Имаме понов пример кој доаѓа од самиот регион: С. Македонија и Грција. Овие две земји успеаја заедно да го решат спорот за името кој тежеше врз нивните билатерални односи три децении, ова е историски успех кој на целиот регион испраќа сигнал дека дури и долгогодишните спорови можат да се надминат, вели Хан за Агенција Европа

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Ознаки: топ, ЕУ, хан
Од истата категорија

МИЦКОСКИ: Македонија за судство дава повеќе пари од 75 отсто членки на ЕУ, не гледам причина за уште повисоки плати на судиите и ЈО

УСТАВНА ТУЖИ, УСТАВЕН ЌЕ СУДИ: По предлог на уставната судијка Кацарска, Уставен суд ќе го оценува линеарното зголемување на пензиите

СУДИИ И ЈО ЗА СУДИИТЕ И ЈО: Обвинителите и судиите и сега имаат добри плати, платите не се проблемот што тие имаат доверба од 2 отсто

МИЦКОСКИ: Досега 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите кои се со вредост од 15.300 денари, останува на нивна совест како ќе ги користат

АПСЕЊЕ ВО УЈП ШТИП: Приведени се 10-тина лица, сомнежи за поткуп и злоупотреби во врска со дискотеката Пулс во Кочани

СВЕДОШТВО НА ПАЦИЕНТКА: Кога дојдов на Онкологија д-р Нино ми кажа „ќе ти дадам лек, но нема да се запише дека си го примила“

Најнови вести

МИЦКОСКИ: Македонија за судство дава повеќе пари од 75 отсто членки на ЕУ, не гледам причина за уште повисоки плати на судиите и ЈО


УСТАВНА ТУЖИ, УСТАВЕН ЌЕ СУДИ: По предлог на уставната судијка Кацарска, Уставен суд ќе го оценува линеарното зголемување на пензиите


СУДИИ И ЈО ЗА СУДИИТЕ И ЈО: Обвинителите и судиите и сега имаат добри плати, платите не се проблемот што тие имаат доверба од 2 отсто


СИЈАРТО: Тоа е лудо, во Украина постои воена мафија и корумпиран систем, а Фон дер Лајен планира да испрати уште 100 милијарди евра


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ