Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порача утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ дека не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.
Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори „се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент“.
Хан изјави дека со министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска минатата недела разговарале за „патот напред“ за Преспанскиот договор во наредните недели, како и за реформите кои треба да се спроведат за Македонија да добие позитивен извештај од Европската Комисија.